По гласањето во Европскиот парламент денеска е усвоен буџетот на Европската унија за 2019 година.

Вкупно предвидени се 148,2 милијарди евра расходи и 165,8 милијарди евра за „заложби“, односно програми кои можат да траат повеќе од една година. А, 1,3 милијарди евра се планирани и ставени на страна за „непредвидливи ситуации“.

Кон крајот на ноември ЕК беше приморана да презентира нов нацрт буџет откако пропаднаа преговорите помеѓу ЕП и земјите членки.

Со новиот буџет за единаесет отсто се зголемени средствата посветени на истражувањето во однос на 2018 година. Дополнителни 240 милиони евра се предвидени за програмата Еразмус. Додека, 1,1 милијарда се предвидени за управувањето со миграцијата што претставува зголемување од 56 отсто во споредба со буџетот за 2018 година.

Обединетото Кралство прифати да придонесе за буџетот 2019 и покрај Брегзит.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/12/2018 19:06