Во Европската унија нема консензус за воведување нови санкции кон Русија по нејзиното дејствување во Азовското Море, изјави неименуван германски претставник пред самитот на ЕУ во Брисел.

Москва се спротивстави на меѓународните повици да ги ослободи трите украински брода што ги заплени минатиот месец во Керченскиот Теснец.

Руските сили на 25 ноември запленија три брода на украинската морнарица во Керченскиот Теснец, помеѓу Црно и Азовско море, наведувајќи дека нелегално влегле во руските територијални води.

Притоа беа уапсени 24 украински морнари.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/12/2018 19:45