Шведската безбедносна полиција (САПО) денеска соопши дека уапсила едно лице под сомнение дека подготвувало или поттикнувало терористички напад.

Приведениот, чиј идентитет не се соопштува, поседувал незаконско оружје.

Во соопштението на САПО се посочува дека осомничениот извесен период планирал напад и оти најверојатно имал „меѓународни врски“.

Во Шведска опасноста од терорстички напад е на ниво три од можните пет.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/12/2018 13:03