Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска потпиша указ со кој се одобрува формирање на Вселенска агенција на Турција, која ќе биде финансирана од државниот буџет.

Во декретот е посочено дека целите на Агенцијата вклучуваат развивање и спроведување на национална вселенска програма. Новата структура доби целосно полномоштво за дизајнирање, создавање на вселенски летала, системи за набљудување на орбитата, симулатори, вселенски платформи.

Покрај тоа, задачите на Агенцијата вклучуваат спроведување на вселенски мисии, со пилоти и беспилотни летови за трговски, научни и истражувачки цели. Исто така, Вселенска агенција на Турција ќе врши мониторинг на проектите на државните и приватни компании од Турција, кои се занимаваат со истражувања и практични проекти за отстранување во орбитата на сателити и летала од територијата на Турција и нивното враќање.

Една од целите на Агенцијата е да ја намали надворешната зависност на националната вселенска индустрија.

Во мај беа објавени плановите на Турција да почне сопствена програма за подготовка на астронаути по 2023 година. За реализацијата на овој проект Анкара планира да одвои околу шест милијарди долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/12/2018 14:06