Шведска забранува пушење на одредени јавни места на отворен простор, вклучувајќи игралишта и платформи на железничките станици.

Мерката ја усвои вчера Парламентот, со 142 гласови наспроти 120 и ќе влезе во сила на 1 јули следната година. Пушењето во ресторани на отворено, како и во кабини за пушење, исто така, ќе бидат забранети.

Во Шведска, пушењето во моментов е дозволено во посебно определени зони на работните места и на јавни места.

Според официјалните податоци од 2016 година, само 11 отсто од 10 милиони население пушат секојдневно, а 10 проценти пушат од време на време.

Новиот закон има цел Шведска да стане земја без чад од цигари до 2025 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/12/2018 14:22