Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел, се сомнева во исправноста на враќањето на Роберт Кубица во Формула 1. Полскиот возач следната сезона ќе биде дел од тимот на Вилијамс на местото на Сергеј Сироткин.

– Имам измешани чувства за враќањето на Кубица. Од една страна, ми се допаѓа, бидејќи е невозможно да се замисли колку е тешко за него да се врати, преживеа многу. Од друга страна, тој се враќа на сметка на млади пилоти, кои, исто така, заслужуваат шанса, вели Фетел.

Кубица се враќа во Формула 1 по пауза од осум години. Претходно тој се има натпреварувано во Ф1 пет сезони.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/12/2018 14:23