Панатинаикос стави крај на серијата од три порази во Евролигата, откако победи против гостите од Дарушафака (Турција) со 75:67 во натпревар од 12-тото коло на турнирот.

Грчкиот тим има шест победи и шест порази од почетокот на сезоната, а Дарушафака е со еден успех и 11 порази, 10 од кои по ред. Гостите од Турција изедначија на 65:65 во последната четвртина, но домаќините одговорија со серија од 10:2 и победија на натпреварот.

За победниците, Константинос Митоглу постигна 20 поени за 21 минута. Џејмс Гист додаде 15, додека Кит Лангфорд – 12. Ник Калетес направи „дабл-дабл“ – 10 поени и 12 асистенции. За турскиот тим со 15 поени заврши Тони Даглас.

Гран Канарија (Шпанија) го порази Будуќност (Црна Гора) со 95:85. За домаќините Никола Радичевиќ постигна „дабл-дабл“ – 12 поени и 11 асистенции. Најпрецизен беше Маркус Ериксон со 15 поени. Францускиот интернационалец, Едвин Џексон постигна 15 поени за тимот од Црна Гора и Ален Омиќ додаде 12.

Евролига, резултати од 12 коло:

Баерн Минхен – Жалгирис – 88:84 (18:12, 28:26, 17:23, 25:23) Панатинаикос – Дарушафака- 75:67 (22:16, 21:16, 14:21, 18:14) Гран Канарија – Будуќност – 95:85 (26:20, 30:14, 26:23, 13:28).



Автор: Администратор
Објавено на: 15/12/2018 13:01