Бостон Селтикс ја освои осмата последователна победа откако го совлада тимот на Атланта Хокс дома со 129:108. Кајри Ирвинг постигна 24 поени во три четвртини за „келтите“, а неговата лична статистика беше дополнета со 5 асистенции, 5 скока и 4 блокади.
Тој постигна 12 поени само во првиот дел, а неговиот тим благодарение на нив поведе со 23:5. Две минути пред да заврши третиот период, Бостон веќе ја помина границата од 100 поени.
Џејсон Тејтум постигна 22 поени за Бостон, додека Маркус Морис со 20 и Гордон Хејворд со 19 помогнаа во убедливиот триумф на тимот.
Со овој успех, Бостон веќе има 18 победи и 10 порази и се наоѓа на второто место во Атлантската дивизија. Атланта е на претпоследно место во целата Источна конференција.
Резултати од НБА:
Бостон – Атланта 129:108 Шарлот – Њујорк 124:126 (по продолжение) Бруклин – Вашингтон 125:118 Кливленд – Милвоки 102:114 Филаделфија – Индијана 101:113 Мемфис – Мајами 97:100 Денвер – Оклахома Сити 109:98 Портланд – Торонто 128:122 Сакраменто – Голден Стејт 125:130
Лидери по дивизии:
Источна конференција
Атлантската дивизија: Торонто – 23 победи, 8 порази Централна дивизија: Милвоки – 19/9 Југоисточна дивизија: Шарлот – 14/14
Западна конференција
Северозападна дивизија: Денвер – 19/9 Пацифик дивизија: Голден Стејт – 20/10 Југозападна дивизија: Мемфис – 16/12.