Повеќе од 40 лица се повредени денеска при експлозија во ресторан во Сапоро, главен град на јапонскиот остров Хокаидо.

Според полицијата, во инцидентот се повредени 42 лица, од кои повеќето се со повреди од среден степен,а едно лице е во тешка состојба.

Како што пренесуваат јапонските медиуми, по екслозијата се почувствувал силен мирис на гас.

Локалните власти соопштија дека ќе им обезбедат престој на жителите кои живеат во близина на инцидентот, со цел да го избегнат вдишувањето на штетните гасови од експлозијата.

Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот, а ресторанот е целосно уништен.

Се уште не се познати причините за експлозијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/12/2018 00:59