Едно лице загина при уривање на покрив од фабрика во рускиот град Ѕержинск во Московска Област, соопштија локалните власти.

Службите за итни случаи информираа дека се претпоставува оти под урнатините има уште „три до четири лица“.

Спасувачите до сега од под урнатините извадија пет лица, кои се наоѓаат во тешка ситуација.

Паднатиот покрив зафаќа површина од 170 метри квадратни.

Халата е на компанијата „Техно груп“, која произведува опрема за системи за вентилација.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/12/2018 10:35