Германската тенисерка Анџелика Кербер е прогласена за најдобар спортист на Германија за 2018 година, објавено е на официјалната веб-страница на ВТА.

Минатата сезона, 30-годишната Кербер го освои Вимблдон, стигна барем до четвртфиналето на другите три Грен слема, а победи и на турнирот во Сиднеј.

За Кербер ова е втора ваква награда. Првата ја доби во 2016 година. Тоа за неа беше најдобра сезона во кариерата со триумфи на Австралија Опен и на УС Опен. Таа година Кербер ја заврши како првопласирана на ВТА ранг-листата.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/12/2018 14:32