Европската унија ќе испрати експертска мисија во Украина во 2019 година заради неопходните подготовки за укажување помош за регионот на Азовското Море, погоден од „ограничување на морепловството регионот”, се наведува во финалниот документ, усвоен на денешната седница во Советот на групата ЕУ-Украина. Од украинската страна присуствуваа премиерот Володимир Гројсман, а од ЕУ – високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Фдерика Могерини.

„ЕУ е подготвена да преземе чекори за зајакнување на својата поддршка, особено за регионите на Украина погодени од ситуацијата во Азовското Море. Во овој контекст, ЕУ планира да испрати мисија за проценка во Украина на почетокот на 2019 година”, се наведува во документот.

На заедничката прес-конференција по усвојувањето на документот, Гројсман изјави дека Украина и Европската унија треба да го „консолидираат меѓународниот притисок врз државата агресор – Русија и да ја засилат политиката за санкции, првенствено, со цел да ги ослободат украинските морнари и бродови и да се обнови слободната пловидба во Азовското Море“.

Од своја страна, Могерини истакна дека Брисел ќе ја поддржи Украина, а неодамнешната одлука на Европскиот совет за продолжување на санкциите против Русија ја потврдува оваа позиција.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/12/2018 16:07