Врховниот суд на Шпанија денеска му ја намали казната на поранешниот претседател на каталонската Влада, Артур Мас, по што нема да може да врши јавна функција 13 месеци, а не 24 месеци како што гласеше првичната одлука на судот во Каталонија.

Мас кон крајот на 2016 година организираше необврзно изјаснување за отцепување на Каталонија од Шпанија по што беше обвинет за непослушност, бидејќи според шпанскиот Устав, организирање на референдум во некои од 17-те автономни шпански региони не е дозволено.

Мас премиерската функција му ја препушти на Карлес Пуџдемон, кој продолжи да ја води Каталонија кон независност, организирајќи минатата година обврзувачки референдум, по што Парламентот изгласа воспоставување Република.

Потоа, Владата во Мадрид презеде директна контрола над Каталонија, а обвинителството почна судска постапка против Пуџдемон, кој се наоѓа во Белгија.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/12/2018 18:10