Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн изјави дека со нетрпение ги чека божиќните празници, за да мине повеќе време со шестмесечната ќерка Најв, заблагодарувајќи им се при тоа на сите кои ѝ помогнале да се справува со обврските.

Таа нагласи дека се стреми да ги извршува сите свои државнички задолженија, па често и ја посочуваат како пример, но пред сѐ, сака да тоа да биде добро сработено.

Премиерката ги почести со кафе и бонбони новинарите во Парламентот, како дел од традицијата воспоставена во Нов Зеланд.

Ардерн е втората лидерка во светот во поновата историја, која роди дете додека ѝ траеше мандатот.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/12/2018 23:26