Носителот на Светскиот куп, Марсел Хиршер (Австрија) забележа четвртата победа сезонава. Австриецот го освои паралелниот велеслалом во италијанскиот зимски центар Алта Бадиа, победувајќи го со 14 стотинки во големото финале Тибо Гавро (Франција).

Хиршер допушти мала грешка во средината на трасата, но подоцна не му остави шанси на својот противник.

Хиршер ја зголеми предноста во генералниот пласман, откако ја постигна 62 победа во кариерата. Французинот Алекси Пинторо беше поразен од Гавро во полуфиналето, но заврши трет го откако освои малото финале против Матс Олсон (Шведска).



Автор: Администратор
Објавено на: 17/12/2018 23:41