Екипата на Блокотехна ја оствари третата победа сезонава во регионалната БИБЛ лига, откако на домашен терен во Гевгелија го совлада гостинскиот тим на Башкими со убедливи 96-70.

Кошаркарите на Марјан Илиевски покажаа одлична игра уште од стартот, а по крајот на пррвата четвртина веќе водеа со +13 (31-18) за на полувреме да заминат со уште поголема разлика (54-38). Во третиот период се дојде до позитива од 29 поени (79-50) а потоа мечот само се доигруваше.

Гаидис со 21 и Главчев и Мијатовиќ со по 20 поени беа најефикасни за домашниот тим, додека кај гостите од Косово, Капс заврши со 31 поен.

По победата Блокотехна се искачи на четвртото место на табелата со 3 победи од 3 натпревари, а на чело останува Берое со 5-0.

Следниот дуел за гевгеличани во регионалното натпреварување е на 3 јануари следната година против Академик Бултекс во Бугарија.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/12/2018 03:23