Kошаркарите на МЗТ Скопје со победа се враќаат од вечерашното гостување кај Хелиос во Домжале во меч од 12. коло од АБА 2-лигата.
Тимот од Аеродром триумфираше со убедлива 73-92 (37-49) иако тренерот Ѓорѓи Кочов не можеше да смета на дури четворица повредени играчи – Дарко Соколов, Марко Симоновски, Андреј Маслинко и Љубомир Младеновски и практично настапи со само 6 играчи на средбата.
Македонскиот претставник во регионалното натпреварување сепак доминираше во текот на целата средба и заслужено дојде до победата, која е прва на гостувањата во Словенија сезонава.
Најдобар стрелец за гостите беше Андрија Бојиќ со 35 поени и 11скока, додека Вудард помогна со 14. Кај домаќините, Шалиќ го заврши натпреварот со 26 поени.
„Металците“ со овој триумф се зацврстија на втората позиција на табелата со скор 9-3. Следната среда МЗТ ќе го одигра последниот меч во 2018 година и тоа на гости кај Борац во Чачак.