Словенката Илка Штухец е победничка на супер-џи трката од Светскиот куп во алпско скијање возена денеска во италијанскиот зимски центар Вал Гардена.

Штухец трката ја заврши со време 1:31.87 минута, пет стоти делови од секундата побрзо од Никол Шмидхофер (Австрија) и Тина Вајрајтер од (Лихтенштајн).

За словенечката скијачка ова е деветта победа во кариерата во Светскиот куп и втора оваа сезона, откако и вчера триумфира на спустот.

Во пласманот во супер-џи води Микаела Шифрин (САД) со 200 бода, пред Рагнилд Мовинкел (Норвешка) со 175 и Вајрајтер со 156.

Водечка во Генералниот поредок е Шифрин со 689 бода, Шмидхофер има 359, Мовинкел 322.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/12/2018 14:24