Организаторите на Грен слемот Австралија опен од 2019 година ќе ги променат правилата со тоа што максималниот можен број на поени во тајбрејкот од последниот сет на секој меч ќе биде десет.
Пред да направиме измени на правилата, се консултиравме со голем број поранешни и актуелни играчи, како и коментатори. Прашавме што би сакале да ги видат на турнирот следната година, издолжен или скратен тај-брејк и врз основа на нивните желби, донесовме одлука. Австралискиот Опен-2019 ќе се одржи на терените во комплексот „Мелбурн парк“ од 15 до 28 јануари 2019 година.
Овој е прв од четирите Грен-слем турнири во годината.