Центарот на МЗТ Скопје Аеродром, Андрија Бојиќ, по одличното издание завчера на гостувањето против Хелиос е прогласен за најкорисен (МВП) играч на 12. рунда од АБА-лигата.

Српскиот интернационалец средбата ја заврши со 35 индексни поени. Тој беше и прв стрелец со 35 постигнати поени.

Ова е третпат кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром да биде избран за најдобар во рундата, по Џејмс Вудард и Иванов кои беа МВП по првото односно осмото коло од АБА2-лигата.

Меѓу најдобрите се најдоа уште тројца кошаркари на македонскиот тим и тоа Лестер Медофрд и Иве Иванов, кои со десет односно девет асистенции беа двајцата најдобри асистенти во колото, како и Андреј Магдевски, кој со три украдени топки го подели признанието за најдобар „крадец“.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2018 13:12