Џоел Ембид забележа 27 поени и 11 скока, а Бен Симонс додаде 26 поени, 12 скокови и осум асистенции во победата на Филаделфија со 126:101 против Торонто во натпревар од НБА. На овој начин Сиксерс го запишаа третиот успех во последните 23 средби против Репторс и веќе се на чекор од лидерот во Атлантската дивизија.
Џеј Џеј Рединг додаде 22 поени за Сиксерс, додека Паскал Сикам постигна 26, а Кајл Лори 20 за тимот од Канада. Торонто одигра натпреварот без двократниот носител на наградата „Дефанзивец на годината“ Каваи Ленард, како и без лидерите Серж Ибака и Јонас Валанчиунас. Ленард остана надвор одигра, откако во петокот вечерта забележа личен рекорд сезонава со 37 поени за победата на Торонто со 126:110 како домаќин против Кливленд.
Бредли Бил забележа 40 поени и прв „трипл-дабл“ во кариерата за победата на Вашингтон со 149:146 по три продолженија против Феникс во друг интересн дуел синоќа. Во отсуство поради настинка на Џон Вол, Бил постигна десет поени во третото продолжение, вклучувајќи кош за 146:140 на 40 секунди пред крајот. Тој исто така запиша личен рекорд со 15 асистенции и 11 скокови.
Томас Брајант, исто така, го заврши мечот со рекордни 31 поен. Во долг период од првото и второ продолжение, Брајант беше лидер на Визардс откако постигна 16 од 18 поени за својот тим. Зад своето име запиша и 13 скока за победата.
Резултати од НБА:
Лос Анџелес Клиперс – Денвер 132:111 Вашингтон – Феникс 149:146 (по 3 продолженија) Филаделфија – Торонто 126:101 Мајами – Милвоки 94:87 Хјустон – Сан Антонио 108:101 Голден Стејт – Далас 120:116 Јута – Оклахома Сити 106:107.