Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон во новата сезона има амбиција да докаже дека се уште може да се бори за шампионскиот трофеј.
– Сега сум во одлична форма, но секогаш има нешто да додадам. Да се направи напредок повторно, неопходно е да се анализира изминатата сезона и да се разгледаат причините за проблемите, особено оние со кои се соочивме на почетокот на годината. Ова се моите цели, изјави Хамилтон.
Британецот додаде дека ќе работи многу и пред сезоната.
– Треба многу да тренирам. Има се повеќе и повеќе млади талентирани возачи кои се подготвени да го направат мојот живот потежок. Шарл Леклер сака да успее во Ферари, а Макс Верстапен секогаш е фокусиран на успехот. Сакам да докажам на младите дека останувам силен ривал на патеката, истакна Хамилтон.
Тој е петкратен светски шампион во Формула 1. Го освојуваше трофејот во 2008, 2014, 2015, 2017 и 2018 година.