Македонската кошаркарска федерација синоќа ги додели признанијата на најдобрите за 2018 година.

Наградени по категории:

Најдобра млада кошаркарка – Илина Селцова.

Најдобар млад кошаркар – Виктор Ефремовски.

Најдобар тим во младинска конкуренција – Работнички.

Најдобар тим во сениорска конкуренција – Работнички.

Најдобра женска екипа во младинска конкуренција – Струга 2009.

Најдобра женска екипа во сениорска конкуренција – Бадел 1862.

Најдобар тренер за младински тим во женска категорија – Анета Глигорова.

Најдобар тренер за младински тим во машка категорија – Александар Јованчев.

Најдобар судија – Игор Митровски.

Најдобра македонска кошаркарка – Анџелика Митрашиновиќ.

Во машка конкуренција МКФ одлучи да ги награди капитенот Војдан Стојановски и Бојан Трајковски.

Би сакал да им честитам на сите што се закитија со наградите од МКФ. Истовремено да посочам и на оние што не се најдоа да веруваат во себе, за наредната година да се најдат тука. Тоа го покажа нашиот млад тим М16, кој беше аутсајдер. Никој не веруваше во нив, но како што видовте, тие се вратија како јунаци и влегоа во А-дивизија, која донесе гордост за нас. Верувам дека во иднина многу ќе станат и сениори. Исто така, позитивни резултати имаше и А-селекцијата, по оној мал пад пред две години. Пак се враќаме на старите стази. Имаме поддршка од јавноста. Се надевам дека кошаркарите водени од Давитков ќе дојдат до ЕП и ќе бидат онаму каде сакаме сите да ги видиме. Се надевам дека во наредната година сите ќе имаме поуспешна работа и уште поуспешни резултати, изјави претседателот на МКФ, Петар Наумоски,, Петар Наумоски по доделувањето на признанијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2018 11:35