Леброн Џејмс се размина со сериозна повреда, стана јасно од денеска направените дополнителни тестови.
Суперѕвездата на НБА го напушти синоќа теренот со проблеми во мускулот при победата на Лос Анџелес Лејкерс над Голден Стејт, но навивачите на „езерџиите“ се смирија откако излезе информацијата дека не е тешко повреден.
Во оваа ситуација, неговиот статус е „ден за ден“ и иако се очекува да го пропушти следниот натпревар против Сакраменто, тој многу брзо потоа се очекува да се врати на паркетот.
Лејкерс, сепак, нема да преземат никакви ризици со него, па затоа планираат да му дадат пауза повеќе време и тој нема да игра во најмалку 3-4 дуели за да се опорави целосно. Тимот од Л.А. имаат 3 натпревари за 4 дена, а по дуелот со „кралевите“, тие ќе играат со Клиперс и повторно против Кингс.
Во својата кариера, „кралот“ досега немал сериозни повреди, откако бил надвор од игра за најмногу 20 натпревари во сезоната 2011-12 кога играше во Мајами. За време на оваа кампања тој има просек од 27,3 поени, 8,3 скока и 7,1 асистенции за „езерџиите“ кои имаат биланс од 20-14.