Со тројката во последната секунда на српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ, екипата на Сакраменто забележа победа над Лос Анџелес лејкерс на еден од петте НБА дуели одиграни ноќта четврток кон петок.
Докрај неизвесен се одигра и во Оукленд каде Портланд по продолжение го победи актуелниот шампион Голден Стејт.
Резултати: Хјустон – Бостон 127:113 Милвоки – Њујорк 112:96 Сакраменто – ЛА лејкерс 117:116 Голден Стејт – Портланд 109:110 Јута – Филаделфија 97:114.
Во Западната конференција лидер е Денвер со биланс 21-11 (победи-порази), следуваат Голден Стејт со 23-13, Оклахома 21-12, ЛА клиперс 20-14, ЛА лејкерс 20-15,…
На Истокот прв е Торонто со 26-10, Милвоки има 24-10, Индијана 23-12, Филаделфија 23-13,…