Втор пораз по ред без повредениот Леброн Џејмс запиша екипата на Лос Анџелес лејкерс, откако изутринава загуби од градскиот ривал ЛА клиперс.

Резултати на натпреварите во НБА лигата играни ноќта меѓу петок и сабота:

Шарлот – Бруклин 100:87 Индијана – Детроит 125:88 Орландо – Торонто 116:87 Вашингтон – Чикаго 92:101 Мајами – Кливленд 118:94 Минесота – Атланта 120:123 по продолжение Њу Орлеанс – Далас 114:112 Денвер – Сан Антонио 102:99 Феникс – Оклахома сити 102:118 ЛА лејкерс – ЛА клиперс 107:118.

Пласман во Западната конференција: Денвер со биланс 22-11 (победи-порази), Оклахома 22-12, Голден Стејт со 23-13, ЛА клиперс 21-14, Портланд 20-15, Хјустон 19-15, ЛА лејкерс 20-16,…

На Истокот прв е Милвоки со биланс 24-10, следува Торонто со 26-11, а по нив, Индијана 24-12, Филаделфија 23-13, Бостон 20-14.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/12/2018 13:25