Актуелниот првак во НБА лигата, тимот на Голден Стејт ноќеска беше поуспешен од Портланд на гостински терен.
Најзаслужен за триумфот на „воините“ беше Клеј Томпсон со 32 поени.
Резултати на натпреварите во НБА лигата играни ноќта меѓу сабота и недела:
Њу Орлеанс – Хјустон 104:108
Вашингтон – Шарлот 130:126
Атланта – Кливленд 111:108
Мемфис – Бостон 103:112
Јута – Њујорк 129:97
Феникс – Денвер 118:122
Портланд – Голден Стејт 105:115
ЛА клиперс – Сан Антонио 111:122.
Пласман во Западната конференција: Денвер со биланс 23-11 (победи-порази), Голден Стејт со 24-13, Оклахома 22-12, ЛА клиперс 21-15, Хјустон 20-15, Портланд 20-16, ЛА лејкерс 20-16,…
На Истокот прв е Милвоки со биланс 25-10, следува Торонто со 26-11, а по нив, Индијана 24-12, Филаделфија 23-13, Бостон 21-14.