Флојд Мејведер покажа дека се уште е во одлична форма, иако веќе не се боксува активно. Популарниот „Мани“ набрзина ја среди јапонската кикбокс сензација Теншин Нацукава во пријателски бокс дуел на настанот „Ризин 14“, што се одржа во Токио.

Флојд го ​​порази својот противник за помалку од една рунда од вкупно три. Мејведер го започна дуелот поагресивно и една минута по почетокот на мечот го испрати Јапонецот во нокдаун. Нацукава успеа да се исправи, но потоа беше срушен на уште два пати со тешки десни крошеа и штабот на младиот кикбоксер ја прекина средбата 40 секунди пред крајот на првиот дел.

Резултатот од борбата нема да влезе во статистиката на натпреварувачите, но за сметка на тоа Мејведер се пофали дека ќе прибере девет милиони долари за егзибицискиот меч, што значи дека заработил по милион на минута. Флојд сепак ги забрза работите и ги зеде сите пари само по 2:20 секунди.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/01/2019 23:15