Флојд Мејветер уште еднаш објави дека нема да се бори во боксерски натпревар.

Американската ѕвезда ја заврши својата кариера минатата година по борбата со Конор Мекгрегор. Тој сепак се врати на егзибицискиот натпревар на Нова Година. Во него, легендата на светскиот бокс го совлада јапонскиот кикбоксер Теншин Нацукава.

– Сè уште сум пензионирам и немам намера да се вратам на боксот. Влегов во рингот за да ги забавувам Јапонците, рече Флојд.

Аналитичарите во САД објавија дека Мејведер во неколку наврати давал такви изјави. Тие мислат дека Американецот речиси сигурно ќе се бори повторно во 2019 година. Варијантите се реванш со Мани Пакиао и натпревар со ѕвездата на ММА – Хибиб Нурмагомедов.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/01/2019 01:53