Најуспешната хрватска спортистка на сите времиња Јаница Костелиќ роди син во болница во Загреб на првиот ден од Новата година, соопштија извори од семејството на Костелиќ.

Четирикратната олимписка шампионка во октомври објави дека е бремена и оти нејзиниот син ќе се вика Оскар, како и дека ќе го поттикнува да се занимава со скијање.

Костелиќ за четири дена ќе наполни 37 години, а во април 2007 година соопшти дека дефинитивно се повлекува од скијањето. Во својата богата кариера таа има освоено четири златни и две сребрени олимписки медали, има пет трофеи за светска шампионка, а трипати била вкупна победничка на Светскиот куп.

Костелиќ во ноември 2016 година е именувана за прва државна секретарка за спорт.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/01/2019 02:36