Рафал Надал се откажа од учество на турниротво Бризбејн во серијата АТП 250.

Вториот светски рекет има повреда и по консултации со лекарите одлучи да го пропушти почетокот на сезоната во Австралија.

– Скенирот покажа дека имам мал проблем во левиот бут. Сакав да играм, но препораките на лекарот беа различни, рече Надал.

Пред Надал има период на опоравување, а целта е да биде подготвен на Австралија Опен, кој се одржува од 14 до 27 јануари во Мелбурн.

Неговото место го зазеде „среќниот губитник“ од квалификациите Таро Даниел. Јапонецот во второто коло ќе игра со Жо-Вилфред Цонга (Франција).



Автор: Администратор
Објавено на: 02/01/2019 12:40