Енди Мареј го заврши своето учество на турнирот од серијата АТП 250 во Бризбејн, откако загуби во вториот круг од четвртиот носител Даниел Медведев (Русија) со 5:7, 2:6.

Дваесет и две годишниот Русин запиша 16 аса и загуби само седум поени при прв сервис во текот на целиот натпревар и заслужено победи против Шкотот, кој неодамна се врати од повреда.

Медведев поведе со брејк за 3-1 во почетокот, но потоа следеа четири последователни гема за Мареј. Потоа иницијативата повторно се врати кај Русинот, кој ги освои следните шест гема, за да го затвори првиот сет и да поведе со 4-0 во вториот. Оттаму, мечот само се доигруваше, а Медведев го затвори без проблем.

Во четвртфиналето тој ќе се соочи против петтиот носител Милош Раониќ, кој го совлада квалификантот Миомир Кецмановиќ (Србија), исто така во два сета – 6:3, 7:6 (2).



Автор: Администратор
Објавено на: 02/01/2019 14:01