Семејството на седумкратниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, објави порака по повод неговиот 50-ти роденден.
Најблиските на германски возач кој е роден на 3 јануари 1969 година, изразија длабока благодарност до луѓето кои се загрижени за здравјето на Шумахер.
– Многу сме среќни бидејќи го прославуваме 50-тиот роденден на Михаел. Вие можете да бидете сигурни дека тој е во најдобрите раце, и правиме се што е можно за да му помогнеме. Ве молиме да разберете дека ако ги следиме неговите желби, ќе ја чуваме доверливоста. Мора да го сториме тоа во врска со неговото здравје. Сакаме да ви се заблагодариме за вашата поддршка и н сите им посакуваме здрава и среќна 2019 година, стои во пораката на семејството Шумахер.
Еден од најдобрите возачи во историјата на Ф1 доби сериозна повреда на главата на 29 декември 2013 година при пад на скијање во француските Алпи. Повеќе од шест месеци тој беше во кома. По повредата Михаел Шумахер ниту еднаш не се појави во јавноста.