Хрватот Иво Карловиќ повторно го впиша своето име во историјата. Денес 211 сантиметри високиот тенисер, кој на 28 февруари ќе наполни 40 години, стана најстариот полуфиналист во турнир од ATП од 1993, кога американската легенда Џими Конорс, стигнува до оваа фаза на турнирот во Сан Франциско.

Тоа стана факт откако Карловиќ го победи по два тајбрејка Летонецот Ернестс Гулбис во четвртфиналето на турнирот во Пуна (Индија) – 7:6 (5), 7:6 (5).

Во дуелот не беше регистриран ниту еден брејк, а д-р Иво, како што е познат Карловиќ, запиша 25 аса.

Хрватскиот тенисер е рекордер по број на асови во историјата.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/01/2019 19:30