Играчите на Мемфис Гризли се степале меѓусебно откако Детроит Пистонс ги победи со 94:101, објавија медиумите во САД.

Поразот е трет по ред за „гризлите“ и вкупно осми во последните нивни 10 средби, откако тимот падна до 10-тото место во Западната конференција со скор од 18 победи и 19 порази.

Лошите резултати доведоа до недоразбирање помеѓу бекот Гарет Темпл и крилото Омри Каспи, кои морале да бидат раздвојувани од нивните соиграчи, вели „Атлантик“.

Засега не е јасно дали ќе има казни за двајцата играчи, но сосема е можно тие да излезат од ротацијата на тренерот Џеј Би Бикерстаф за следните неколку мечеви, а најверојатно ќе бидат казнети и со солидни суми.

Следниот меч на Мемфис е во петок, откако се домаќини на Бруклин Нетс.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/01/2019 19:33