Од 1 јануари во Албанија забранети се сите спортски обложувалници.
Властите во тирана со оваа одлука сакаат да ги ограничат негативните влијанија на коцкањето, а затворени се речиси 4.300 обложувалници ширум земјата. Забраната се однесува и на онлајн обложувањето и коцкарниците, кое сега ќе бде дозволено само во хотели со пет ѕвездички.
Оваа одлука тешко им падна на многу обложувачи, а изразот на лицето и емоциите на еден таков Албанец станаа хит на интернет.