Германија ќе ги измери силите со Швајцарија во финалето на „Хокман купот“ во Перт, Австралија.

Швајцарците, кои ја бранат титулата од минатата година, се пласираа во натпреварот за титулата уште вчера, а денес место во решавачкиот дуел најде и тандемот Анжелик Кербер / Александар Зверев по победата над Австралија.

Во првиот натпревар во сингл, Кербер оствари триумф над Ешли Барти со 6-4, 6-4, по што светскиот број 4, Зверев, го победи Метју Ебден со 6-4, 6-3, за да обезбеди успех на својот тим. На овој начин навивачите во Австралија ќе видат повторување на минатогодишното финале кога Белинда Бенчиќ и Роџер Федерер ги победија Кербер и Зверев во многу неизвесни судири, а натпреварот во мешани двојки беше решавачки.

– За мене е многу важно што ќе бидеме повторно во финалето, бидејќи минатата година изгубивме од Швајцарија во многу рамноправен дуел. Мило ми е што се вратив во Перт, уживам во средината, а публиката создава одлична атмосфера, изјави Зверев по успехот над Ебден.

Финалето на „Хопман Куп 2019“ ќе се игра утре.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2019 16:46