Л.А. Лејкерс уште еднаш непријатно ги изненадија своите навивачи, откако беа поразени од просечниот тим на Њујорк Никс со 112:119. Очигледно е дека на тимот не му оди без Леброн Џејмс, откако тоа беше нивниот четврти пораз во последните пет натпревари.

„Кралот“ доби повреда на препоните на мечот против шампионот Голден Стејт на 25 декември, а се очекува да ги пропушти и следните два натпревари кои тимот на Лук Волтон ги игра на гости.

Во победничкиот тим, Тим Хардавеј Џуниор постигна 22 поени. Енес Кантер реализираше 16 поени, 15 скока, 3 асистенции и 3 блокади, а ист број на поени забележа Треј Бурки.

Кај „езерџиите“, Брендан Инграм беше најдобар со 21 поен, Кентавиус Колдвел Поуп постигна 19, а Џамал Меки додаде 18.

Резултати од НБА:

Кливленд – Јута 91:117 Бостон – Далас 114:93 Чикаго – Индијана 116:119 (по продолжение) Мемфис – Бруклин 100:109 Мајами – Вашингтон 115:109 Минесота – Орландо 120:103 Милвоки – Атланта 144:112 Феникс – Лос Анџелес Клиперс 111:121 Лос Анџелес Лејкерс – Њујорк Никс 112:119 Портланд – Оклахома Сити 109:111.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/01/2019 11:25