Швајцарија и Германија запишаа по еден триумф на стартот на финалето на овогодинешното издание на „Хопман купот“, кое се игра во Перт, Австралија.

Освојувачот на 20 Гренд-слем титули, Федерер и донесе предност на Швајцарија по триумфот над 21-годишниот Александар Зверев со 6:4, 6:2 за час и 12 минути игра.

Во вториот дуел, пак Анжелик Кербер ја победи Белинда Бенчиќ со 6:4, 7:6 и со тоа го израмни резултатот.

Подоцна следи дуелот во мешани двојки, кој ќе го одреди конечниот победник.

Финалето е повторување на минатогодишниот спор, кога Швајцарија оствари триумф над Германија.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/01/2019 13:49