Американката Микаела Шифрин забележа победа на денешниот слалом од Светскиот куп возен на Сљеме кај Загреб.

За Шифрин ова е четврти триумф на оваа патека за вкупно 52-ра победа во нејзината кариера и деветта во тековната сезона.

Победничкото време на Шифрин изнесува 2:01.09 минути. На победничкиот пиедестал се најдоа и Петра Влхова од Словачка со време 2:02.34 и Венди Холденер со 2:02.84.

Во поредокот за слалом води Шифрин со 680 бода, пред Влхова која има 580.

Генерален пласман во Светскиот куп: Шифрин 1.214, Влхова 748, Холденер 514,…



Автор: Администратор
Објавено на: 05/01/2019 21:59