Кевин Андерсон е победник на АТП турнирот во индискиот град Пуне. Тенисерот од Јужна Африка во финалето го победи Хрватот, Иво Карловиќ со 2-1, по сетови 7:6, 6:7 и 7:6.

Мечот траеше 2 часа и 47 минути.

За Андерсон ова беше шеста титула во кариера, првата во 2019 година.

АТП турнир Тата Опен Махараштра се играше за награден фонд од 527.880 долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/01/2019 21:59