Шпанецот Роберто Баутиста-Агут е победник на турнирот во Доха, откако вечерва во финалето го совлада чешкиот тенисер Томаш Бердих со 2-1, по сетови 6:4, 3:6 и 6:3.
Мечот траеше 1 час и 55 минути.
За Баутиста-Агут ова е деветта титула во кариерата, прва во 2019 година.
Турнирот во Катар се играше за награден фонд од 1,3 милиони американски долари.