Јапонскиот тенисер Кеј Нишикори го освои турнирот во Бризбејн (Австралија).

Вториот носител на турнирот, Нишикори го победи четвртиот Даниел Медведев со 6:4, 3:6, 6:2 и ја прекина серијата од девет последователни порази во финалето на АТП турнири од февруари 2016 година, кога за последен триумфираше во Мемфис (САД).

Деветтиот во светската ВТА листа започна лошо и допушти ран брејк и заостанување од 0:3, но стигна до пресврт во првиот сет, откако зеде шест од наредните седум гема.

Дваесет и две годишниот Медведев успеа да израмни по единствениот брејк за 5:3 во вториот дел.

Нишикори сепак не дозволи целосен пресврт. Тој поведе со 5:1 во третиот сет и стигна до 12-тиот трофеј во кариерата по малку повеќе од два часа игра.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/01/2019 15:25