Генералниот секретар на Алијансата за Албанци Арбен Таравари, денеска е во официјална посета на Брисел.
Во текот на дводневниот престој, како што информираат од Алијансата за Албанци, Таравари ќе оствари средби со високи претставници на институциите на ЕУ, како и со личности кои го поддржуваат патот на Македонија кон интеграции во ЕУ и НАТО.
Агендата на средби ќе биде фокусирана околу последните политички случувања во земјата, со посебен акцент на уставните промени и на веќе познатите ставови на Алијансата за Албанците за потребата на унапредување на уставната положба на Албанците, како клучен фактор за градење на мултиетничко, демократско и вистинско европско општество.
Во Европската комисија, Таравари ќе оствари средба со еврокомесарот за проширување и добрососедство, Јоханес Хан, како и со европратениците Флекенштајн, Кукан и Вајгл, кои беа водечки фигури на Европскиот парламент во врска со политичкиот развој во Македонија и најголемите поддржувачи на европеизацијата на државата, с енаведува во соопштението од Алијанса на Албанците.