Зголемен број на скршеници и повреди како последица на снегот и мразот има деновиве во Тиквешко. Оваа информација за МИА ја потврди доктор Драги Јованов, специјалист ортопед и раководител на хируршкото одделение при регионалната болница во Кавадарци.

- Имаме повеќе прегледи и интервенции од вообичаено. Станува збор за скршеници на екстремитети кои се најчести кај повозрасни пациенти и набиеници по глава и тело кај помлади лица. Бележиме и две фрактури на потколеница кај деца од 12 и 14 години, добиени при санкање, појасни докторот од јавната здравствена установа Општа болница со проширена дејност.

Тој апелира при лоши временски услови граѓаните без итна потреба да не излегуваат. Или, ако веќе се излегува, да се носат соодветни обувки, за да се избегнат несакани последици.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/01/2019 13:10