Од ЈП „Водовод" информираат дека посебниот телефонски број 047238200 ќе се користи за интервенции врз оштетени водомери или за прекин на снабдувањето со вода за пиење.
-Студот е единствената причина за пукање на водомерите кај многу домаќинства, посебно оние водомери чие стакло е незаштитено и не може да ги издржи поларните температури. Апелираме на рационално трошење на водата чија потрошувачка деновиве е зголемена за 25 отсто и во одредени интервали на денот, но и ноќе достигнува до 680 литри во секунда, истакна Горан Козаров, генерален директор на ЈП „Водовод" – Битола.
Водоснабдувањето во градот и населените места се одвива без пречки, потврдија од ЈП „Водовод"-Битола.