Раководителот на Регионална подружница ЈП „Македонја пат Штип", Кире Коцев за МИА вели дека во моментов на терен имаат 20 камиони кои ги расчистуваат коловозите и фрлаат абразивен материјал и сол.

Во моментов нема никаква забрана за одвивање на сообраќајот на магистралните и регионални патни правци во источна и југоисточна Македонија, но Коцев забележува дека треба особено да се биде внимателен кога се патува низ клисурите, а тоа се однесува на патните правци виничко село Истибања-Македонска Каменица-Делчево до македонско бугарскиот граничен премин и на патот Виница-Берово.

Се препорачува на возачите да возат согласно сообраќајната сигнализација и условите на патот и да не се тргнува на пат без зимска опрема.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/01/2019 13:29