Снегот што почна од утрово да паѓа на територијата на општина Гевгелија со слаб до умерен интензитет направи покривка од три до четири сантиметр, која барем до сега не создава проблеми во одвивањето на сообраќајот.

Од фирмата Канет агро, која тендерски е задолжена за одржување на проодноста на локалните патишта велат дека тие се подготвени за дејствување со механизација доколку до вечерните часови дојде до поинтензивни врнежи и до зголемување на снежната покривка на коловозите и јавните површини. Потврдија дека на залиха имаат 35 тони сол и сметаат дека се доволни за ова подрачје со оглед на фактот дека снежните врнежи во гевгелиско се реткост.

И комуналните служби на јавното претпријатие „Комуналец“ потврдија дека се подготвени за интервенција и дека организирале дежурна служба за вечерните часови да ги чисти главните градски сообраќајници доколку врнежите од снег се интензивираат.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/01/2019 13:30