Снегот кој од синоќа врне непрекинато со променлив интензитет во Кичево и кичевско сега за сега на предизвикува големи тешкоти.
Локалните патишта, според одговорите во општината, редовно се чистат од фирмите задолжени за нивно одржување. - Снежната покривка во градот во овие моменти е околу десетина сантиметри, а во руралните места е двојно пвисока. Сепак, патиштата се проодни и до највисоките потпланински рурални места, изјави Емин Насуфи од општина Кичево.