Поради констатирање на состојбата со загадувањето на водите во Каменичка Река утрово стручни служби од општина Македонска Каменица излегоа на терен, при што службите од општината го посетија Рудник САСА. Од таму е потврдена информација за дефектот поради кој настанало загадувањето. Како што вели градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова со отстранувањето на дефектот е запрено и истекувањето на хемикалии во Каменичка Река.

– Нашите служби веднаш по дојавата интрвенираа и го посетија рудникот за олово и цинк ,„Саса”. Оттаму им беше укажано дека дефектот е отстранет и истекувањето на хемикалии и штетни материјали во Каменичка Река е запрено. За утврдената состојба и настанати штети, веднаш се известени Центарот за управување со кризи и Министерството за животна средина. Веќе се земени и примероци од вода кои се испратени на испитување, информира Стаменкова.

Стручните служби остануваат на терен да ја следат состојбата од каде во текот на наредниот период најавуваат преземање на сите мерки за нормализирање на состојбата и санирање на штетата која дополнително ќе биде утврдена.

Реакција за истекувањето на хемикалиите во Каменичка Река пристигна и од Еколошкото друштво „Здравец 2002″ Македонска Каменица која меѓу првите го пријави случајот до надлежните.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/01/2019 15:49